Евролига: Панатинаикос го доби дербито против Фенербахче

Од:

Екипата на Панатинаикос го победи Фенербахче во дербито од 8. коло на ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.

На натпреварот одигран синоќа во Атина, грчкиот тим со победата од 76-71 му го нанесе првиот пораз на Фенербахче во ТОП 16 фазата. Воедно, за Панатинаикос ова беше четврта победа во низа.

Овој натпревар беше еден од шестте кои беа одиграни вчера. На останатите беа постигнати овие резултати: ЦСКА Москва – Химки 108-98, Дарушафака – Уникаха 78-55, Локомотив Кубан- Цедевита 87-63, Бросе Баскет – Реал Мадрид 86-90 и Лаборал – Жалгирис 71-65.

Последните два натпревари од ова коло, Црвена Звезда – Анадолу Ефес и Барселона – Олимпијакос ќе се играат вечерва.

Е група – табела: Фенербахче 7-1 (победи-порази), Локомотив Кубан 5-2, Панатинаикос 5-3, Црвена Звезда 4-3, Анадолу Ефес 3-4, Дарушафака 2-6, Уникаха 2-6 и Цедевита 2-6.

Ф група – табела: ЦСКА Москва 6-2, Лаборал 6-2, Реал Мадрид 5-3, Химки 4-4, Барселона 3-4, Олимпијакос 3-4, Бросе Баскет 3-5 и Жалгирис 1-7.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска