Евролига изрази сочувство за убиството во Истанбул и го осуди насилството

Од:

Евролига излезе со соопштение по синоќешниот инцидент во Истанбул кога беше убиен навивач на Црвена ѕвезда. На јавноста и се обрати претседателот на елитното натпреварување Жорди Бертомеу.

– Евролигата и нејзините клубови, играчи, и тренери на целиот континент сочувствуваат со семејството на загинатиот навивач и го осудуваат бесмисленото насилство кое му го одзема животот. Оваа трагедија силно не погоди сите. На насилството нема место во нашиот спорт, во нашите сали или во нивната близина. Почитувањето на ривалите кои имаат исти идеали би требало нас да не зближува. Поради тоа и ги организираме натпреварите, порача Бертомеу.

25-годишниот навивач на Црвена ѕвезда Марко Ивковиќ допатува од Белград да даде поддршка на неговиот клуб на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај. Турските власти поведоа истрага за инцидентот пред салата „Абди Ипекчи“ каде вчеравечер Ивковиќ го загуби животот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос