Кошаркарите на Црвена Звезда ја постигнаа и втората победа сезонава во Евролигата откако вечерва на домашен терен го победија Макаби со 87:84.
„Црвено-белите“ до триумфот стигнаа благодарение на подоброто второ полувреме бидејќи првакот на Израел на полувреме имаше 10 поени предност (49:39).
Најпрецизен кај Црвена Звезда беше Тејлор Рочести со 22 поена, додека поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ (Црвена Звезда) постигна 7 поени. Најефикасен на дуелот беше Дешоун Томас од Макаби со 28 поени.
На вториот дуел од 4.коло одигран вечерва Реал Мадрид како гостин го победи Жалгирис со 87:66 и остана со максимален учинок четири победи без пораз.
Во тек се дуелите Олимпијакос – Химки и Милано – Барселона.
Утре ќе се комплетира оваа рунда: Анадолу Ефес – ЦСКА Москва, Бамберг – Басконија, Панатинаикос – Фенербахче и Валенсија – Уникаха.