Евролига апелира националните федерации да ги заштитат своите клубови од ФИБА

Од:

По најновите случувања и официјални закани и суспензии од страна на ФИБА на 14 нејзини членки меѓу кои е и Македонија, се огласи Евролигата со барање националните федерации да ги заштитат своите клубови.

– Изненадени сме од одлуката на ФИБА да воведе санкции кон федерациите поради неуспешниот обид да го етаблира со помпезност најавуваниот проект Лига на шампионите.

Чудно е да се санкционираат федерациите затоа што не можеле да ги натераат клубовите да пристапат кон натпреварите организирани од ФИБА. Не можеме да разбереме како некој сака да наметне на некоја екипа да се натпреварува во некое првенство спротивно на нејзината волја за такво нешто. Очекувме федерациите да излезат со свој став и да застанат во одбарана на своите членки, стои во соопштението на раководството на елитното кошаркарско натпреварување.

ФИБА Европа вчера им даде рок до 20 април на 14 земји да ја преиспитаат својата поддршка за Евролигата, Еврокупот и АБА лигата, натпреварувања кои не се под закрила на Светската кошаркарска федерација.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос