Евролига: 16.500 евра казна за Црвена Звезда

Од:

Дисциплинската комисија на Евролигата ја казни белградска Црвена Звезда со 16.500 евра парична казна.

Имено, дисциплинците на Евролигата процениле дека на натпреварот од 27.коло меѓу Црвена Звезда и Олимпијакос кој се одигра во вторникот, а во кој гостите од Атина забележаа победа по продолжението со 66-64, домашните навивачи, популарните „Делии“’ агресивно се однесувале кон судиската тројка, па затоа црвено-белите се казнети со 15.000 евра. Дополнителни 1.500 евра ќе треба да платат поради фрлање на предмети на теренот.

Казни беа изречени и по големото шпанско дерби меѓу Реал Мадри и Барселона кое лесно го добија „Кралевите“. Имено, кошаркарот на Барселона, Анте Томиќ се казнет со 20.000 евра, но и дополнителна суспензија од еден натпревар без право на настап. Хрватскиот интернационалец ја заработи оваа казна поради удирање на противничкиот играч Џејси Керол.

Тренерот пак на Барселона, Барцокас мина само со парична казна од 3.500 евра, откако на споменатиот меч заработи две технички, па уште во првото полувреме мораше да го напушти теренот.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска