Кошаркарите на ЦСКА Москва ја остварија 15-та победа сезонава во Евролигата откако вечерва пред своите навивачи го совладаа тимот на Анадолу Ефес со 80:77. Со овој триумф ЦСКА Москва се врати на првата позиција на табелата.
Кај победничкиот тим пет играчи имаа двоцифрен број поени, а најпрецизен беше Нандо Де Коло со 14 поени. Најефикасен на дуелот беше Томас Ертел од Анадолу Ефес со 24 поени.
На другите два дуела одиграни вечерва победија гостинските екипи: Дарушафака – Жалгирис 66:69 и Барселона – Басконија 79:93.
Во тек се натпреварите: Олимпијакос – Бамберг и Реал Мадрид – Армани Милано.
На вчера одиграните дуели: Црвена Звезда – Панатинаикос 72:66, Фенербахче – Галатасарај 85:80 и Макаби – Уникс Казан 60:52.