Евро 2012 – група Ц (Шпанија, Италија, Р. Ирска, Хрватска)

Од:

Шпанија е фаворит, како бранител на титулата. Тимот им е покриен на сите позиции иако нападот, според формата на повеќето играчи, не е на ниво како другите линии во тимот но секогаш играчите од средината во Шпанија, знаела тоа да го покријат сосема добро.

Италија, не е истата, а и ја тресат скандали со местени натпревари. Желби и мотиви, секако дека имаат, но тимот не е баш за високи дострели. Ако изиграат нешто како во 2006., можеби ќе направат нешто големо.

Хрватска, со еднакви шанси како и Италија и Ирска за поминување на оваа фаза. Дуелот со Италија. Солидна репрезентација, а ако има добар тимски дух, можно е и повеќе да направи на првенствово.

Секогаш опасната Ирска. Имаат одлични играчи, претежно од Премиер лигата и знаат да победуваат натпревари. Првенствово ќе им биде шанса за докажување, секако по несреќниот пораз од Франција во баражот за СП, каде што иако подобри, не се квалификуваа. Најголема одлика ќе им биде тимската игра.

Натпреварите ќе се играат од 10 до 18 Јуни во два града во Полска, Балтик Арена во Гдањск на северот на брегот на Балтичко море, како и Градски стадион во Познањ.

[imagebrowser id=85]

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска