Во групата А на претстојното Европско првенство во Украина и Пооласка се наоѓаат токму кодомаќинот Полска, Грција, Русија и Чешка.
Навидум „лесна група” но со доста солидни репрезентации би рекле со приближно ниво по квалитет.
Можеби Русите и Пољаците имаат предност пред Чешка и посебно Грција која делува аутсајдерски. Русите се во добра форма тоа го покажаа во квалификациите каде на лесен начин стигнаа до првото место.
Полска е домаќин и пред полни трибини ќе се обиде да го оствари сонот за влез во втора фаза.
Чешка е во сенка на првите две, но репрезентација која е составена од младинци кои се повеќе се докажуваат во своите екипи, добар тим со шанса за евентуално изненадување.
Грците се аутсајдери гледајќи го нивниот состав но со нив никогаш не е готово.
Мечевите ќе се играат од 8 Јуни кога е закажно и отворањето на Евро со мечот Полска – Грција во Варшава.
Последниот меч е на 16 Јуни.
Натпреварите ќе се играат во два града, во Варшава и Вроцлав.
[imagebrowser id=78]