Евентуален отказ за Мурињо ќе го чини Манчестер Јунајтед од 18 до 24 милиони фунти

Од:

Во случај на предвремен раскин на договорот со Жозе Мурињо од функцијата тренер на Манчестер Јунајтед, клубот ќе треба да му исплати сериозен надомест на Португалецот, објавија британските медиуми.

Според „Дејли Рекорд“ износот на компензација во случај на отпуштање пред да се затвори зимскиот прозорец ќе изнесува 24 милиони фунти. Ако Мурињо добие отказ по овој рок, тогаш сумата ќе падне на 18 милиони.

На Манчестер Јунајтед не му оди под раководство на 55-годишниот тренер. Тимот е шести на табелата во Премиер лигата со 26 бода од 17 натпревари.

Ниту атмосферата во тимот не е на потребното ниво. Често од соблекувалната излегуваат информации за тензии меѓу тренерот и некои од фудбалерите.

Мурињо е критикуван од повеќе поранешни истакнати фудбалери на Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он