Еуроспорт: Срамен потез на Федерер

Од:

Федерер ги изневери своите навивачи но и тенисот како спорт одбивајќи да игра финале на завршниот Мастерс во Лондон, пишува спортскиот канал Еуроспорт.

Колумнистот, Алекс Чик го окарактеризира потезот на Федерер како срамен, коментирајќи дека Швајцарецот го откажал финалето откако увидел дека не може да победи.

„Едноставно, не можам да се натпреварувам на ова ниво со Новак“, го цитираше критичарот Федерер:

„Тој поточно сакаше да ни каже дека се повлекол бидејќи не можел да победи. Но тука се работи за најважниот турнир покрај четирите Грен слема, турнири на кои освои повеќе од милион долари со пласманот во финалето. Тој се жалеше затоа што не може да победи а не затоа што не може да игра“ – пишува Еуропспорт.

Чик додава дека поголемиот број спортисти практично во сите спортови трпат болка, па затоа оваа одлука на Федерер е неприфатлива.

Инаку Федерер треба да игра финале за Швајцарија со Франција во Дејвис купот и тоа токму во Лондон.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров