Еурофарм Работник: Ракометот во Европа ќе биде незамислив без ракометот од нашиот град

Од:

Управата на РК Еурофарм Работник го поздрави денешното изгласување на „Платформата за ракометна Битола“ од страна на Советот на Општина Битола, откако смета дека ваквата одлука на советот овозможува пристапување кон финализирање на сите административно-технички аспекти кои се опфатени со договорот.

– Ние и понатаму остануваме посветени на конечна завршница и реализација на договорот и се надеваме дека овие формалности ќе успееме да ги завршиме за многу краток период после кој веднаш ќе пристапиме кон реализација на договорот. Исто така би сакале да потенцираме дека ние и понатаму остануваме целосно убедени дека од реализацијата на оваа платформа најголемата придобивка ќе ја има ракометот во Битола, велат од Еурофарм.

Ракометна Битола во натпреварувачката сезона 2019/20 повторно ќе биде дел од врвната ракометна Европа.

– Впрочем, ракометна Битола отсекогаш припаѓала таму. Ние сме цврсто убедени дека во годините кои следат, ракометот во Европа ќе биде незамислив без ракометот од нашиот град. Годинашнава европска приказна ја оценуваме како успешна во секој поглед. Преку досегашните телевизиските преноси, публиката ширум Европа имаше можност да види колку во Битола се сака ракометот, колку навивачите на трибините го разбираат и знаат за ракометот. Најдобар показател за тоа е фактот што од почетокот на сезоната, нашиот град и нашата сала се на првото место по посетеност на натпреварите во СЕХА лига на домашен терен. Истовремено сме сигурни дека добар дел од ракометна Европа во наредниот период дополнително ќе има можност и ќе ја дознае тајната и магијата на ракометна Битола, посочуваат од клубпт.

Во насока на продолжување на достојната презентација, а имајќи го во предвид чувството за важноста на моментумот, од Еурофарм соопштија дека раководството на клубот донело одлука со која во иднина ќе се намалат цените на влезниците за нивните натпревари.

– Со цел влезниците да бидат подостапни за нашите навивачи, одсега цената на билетот за поединечните натпревари ќе изнесува 150 денари. Се разбира, при донесување на ваква одлука водевме грижа и за нашите најверни навивачи кои уште на почетокот на сезоната ги купија своите БЛОК билети и билетите за СЕХА и Лигата на шампионите. Сите оние кои имаат купено БЛОК билети кои важат за првите десет натпревари од СЕХА и ЛШ по цена од 1.850 денари ги известуваме дека овие билети ќе им важат за сите натпревари на нашиот клуб до крајот на сезоната (меѓународни, плеј-оф Домашно првенство и Куп натпревари). Сите наши навивачи кои имаат купено полусезонски билети за Лигата на шампионите или СЕХА лигата по цена од 1.000 денари, ќе бидат контактирани и ќе можат да изберат пет дополнителни натпревари до крајот на целата сезона за која ќе добијат бесплатни влезници, додаваат од ракометниот клуб.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска