Македонскиот претставник во ЕХФ купот, тимот на Еурофарм Работник се најде во Б-групата заедно со Хановер, Татабања и со Нексе, на денешната жрепка во Виена.
Состав на групите:
А група: Фуксе Берлин, Натурхаус Ла Риоха, Сант Рафаел, Балатонфуреди.
Б група: Хановер, Татабања, Еурофарм Работник, Нексе Нашице.
Ц група: Порто, Холстебро, Куенка, Доброгеа Суд Констанца.
Д група: Грањолерс, Азови Пулави, Кил, ГОГ Гудме.
Групната фаза во второто по квалитет клупско ракометно натпреварување во Европа започнува на 9 февруари, а само најдобрите од секоја група ќе се најдат на завршниот турнир.