УЕФА потврди дека Европското првенство во 2020. година ќе се одржи во 13 градови ширум Стариот континент.
Имињата на градовите домаќини на ЕП ќе бидат одредени во септември 2014. година.
Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини рече дека Турција е негов фаворит за домаќин на полуфиналните и финалниот дуел.
Овој формат кој ќе се примени во 2020. година не е долгорочен, бидејќи ЕП во Франција во 2016. година ќе се игра според моментниот систем.