Блатер изненаден од притворањето на Платини

Од:

Поранешниот претседател на ФИФА, Џозеф Блатер, беше изненаден од притворањето на поранешниот шеф на УЕФА, Мишел Платини, во случајот за корупција кога Катар доби право да биде домаќин на Светското првенство во 2022 година.

Швајцарецот смета дека овој случај е затворен уште од 2016 година.

– Да бидам искрен, ова предизвика големо изненадување кај мене. Изненаден сум од продолжувањето на истрагата, која ја сметав за комплетна. Сè уште верувам дека разговорот на Платини со Никола Саркози и емирот на Катар нема врска со корупција, изјави Блатер.

За потсетување, Платини беше ослободен од полицијата минатата ноќ откако тој одговори на прашања од обвинителите.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ