Ете им Суперлига со два тима, нека играат Реал и Барселона секој ден, вели првиот човек на УЕФА

Од:

Суперлигата, како што тврди Флорентино Перез, можеби постои, но во неа се само Реал Мадрид и Јувентус и двете екипи можат слободно да играат секој ден, изјави денеска претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин.

-Цела фудбалска Европа е со нас. Добив пораки со поддршка од речиси сите клубови, истакна Чеферин.

Тој нагласи дека полиуфиналните натпревари во тековната сезона во Лигата на шампиони не се доведени во опасност.

-Во иднина работите ќе бидат малку поинакви. Вратата на УЕФА останува отворена за сите, но сите ќе мораат да сносат последици за своите постапки, порача Чеферин во интервју за словенечките медиуми.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година