Српскиот кошаркар Никола Топиќ ќе биде 6-ти пик на претстојниот драфт во НБА лигата, објавија новинарите на ЕСПН.
Младиот плејмејкер ја започна сезоната во тимот на Мега како позајмен играч од Црвена звезда, но „црвено-белите“ по само неколку месеци го вратија во своите редови.
Доколку се исполнат овие проценки, Топиќ би станал вториот најдобро драфтуван играч од Србија по Дарко Миличиќ, кој беше втор пик на драфтот во 2003 година.