Еспинос: Карате светот обединет околу исти цели

Од:

Изминативе три дена беше организирана видео конференцијата на претседателот на Светската карате федерација (WKF) Антонио Еспинос со претседателите на националните карате федерации од целиот свет.

– Состаноците преку видео конференција што ги имавме во текот на изминатите три дена беа многу плодни и многу помогнаа да нè соберат и уште повеќе да не обединат во услови на глобалната криза. Имавме можност од прва рака да дознаеме за состојбата на нашиот спорт ширум светот и сакам да им се заблагодарам на сите делегати кои присуствуваа на видео состаноците, за нивната соработка, како и за нивните повратни информации. Можеме да потврдиме дека карате светот е обединет околу истите вредности и цели. Кога работиме заедно, секогаш можеме да постигнеме уште повеќе успеси, истакна Еспинос.

Потребата од ваква комуникација се наметна во услови на глобална криза и откажување на сите натпреварувања во спортот предизвикани од пандемијата од корона вирусот, пред се Олимписките игри во Токио кои се пролонгирани за 2021 година и сите настани на континентално и светско ниво.

На последниот од состаноците со членките на WKF од Европа учествуваа 24 национални федерации од европски земји, меѓу кои и Карате федерацијата на Македонија.

Претстојниот календар на натпревари до крајот на тековната и за 2021 година ќе биде модифициран според условите и можностите за негова реализација. Во топ приоритетите најважни се Олимписките игри во Токио, кои се одложени за 2021 година, потоа квалификациите за обезбедување норма за Токио, европското првенство во Гетеборг и Премиер лигата во Рабат следната година.

Би можело да ве интересира

Саздовска и Стојанов најуспешни на Државниот онлајн шампионат во традиционално карате

А1он

Стојанов и Саздова победници на онлајн шампионатот во кати во традиционално карате

Ана Ололовска

Одржан онлајн состанок на бордот на директори на ИТКФ

Ана Ололовска

Тренинзите на најдобрите македонски каратисти достапни на „you tube“ каналот на КФМ

Ана Ололовска

Недеви почнаа со одржување карате тренинзи онлајн

Ана Ололовска

Одложен квалификацискиот олимписки турнир во карате

А1он