Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен е на прагот да потпише за Манчестер јунајтед, пренесува „Атлетик“. Двете страни договориле тригодишна соработка.
Поранешниот играч на Ајакс, Тотенхем и Интер имаше понуда од Брентфорд да остане во тој тим, каде се пресели во јануари и играше пола сезона, но реши да биде дел од еден од најголемите европски клубови.
Како слободен играч, Ериксен ќе ја задолжи опремата на Манчестер јунајтед. Со него Јунајтед ќе добие повеќе креација во нападот.