Енди Мареј ќе добие статуа на Вимблдон

Од:

Енди Мареј, првиот британски победник на Вимблдон по пауза од 77 години, ќе добие статуа што ќе биде поставена во Ол Ингланд Клубот, објави претседателката на таа институција, Деби Џеванс.

Мареј ја освои првата од двете титули во 2013 година победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето, а три години подоцна го освои својот втор трофеј на Вимблдон победувајќи го Милош Раониќ.

Шкотланѓанецот ја заврши својата кариера со минатогодишниот настап на Олимписките игри во Париз. Во тоа време имаше 37 години.

Организаторите на најпознатиот и најпрестижниот тениски турнир во светот планираат да ја откријат статуата во 2027 година како дел од прославата на 150-годишнината од првото издание.

„Сакаме да имаме статуа на Енди Мареј тука (на Вимблдон) и тесно соработуваме со него и неговиот тим“, изјави претседателката Деби Џеванс.

„Сакаме да го откриеме на 150-годишнината од првиот турнир, кој се одржа во 1877 година. Тој мора да биде вклучен во него, и ќе биде, како и неговиот тим“, додаде Џеванс.

До појавата на Енди Мареј, британските тенисери не беа ни блиску до повторување на успехот што го постигна Фред Пери, последниот британски победник на Вимблдон, во 1936 година. Пери ја доби својата бронзена статуа во Ол Ингланд Клубот во 1984 година, по повод 50-годишнината од неговата прва титула на Вимблдон.

Покрај двата трофеи од Гренд Слем, Енди Мареј го освои и првиот од двата златни олимписки медали во 2012 година на централниот терен на Ол Ингланд Клубот, а ја одбрани титулата олимписки победник четири години подоцна во Рио де Жанеиро и е единствениот тенисер кој успеал да го стори тоа.

Би можело да ве интересира

Американскиот тенисер Тејлор Фриц прв полуфиналист на Вимблдон

Ѓоковиќ го разоружа растрчаниот Де Минор и се пласираше во четвртфинале на Вимблдон

А1он

Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон

Сензации на Вимблдон, 8 тенисери од првите 10 елиминирани уште на почетокот на турнирот

А1он

На Циципас не му оди со Иванишевиќ – ги пакува куферите уште по првото коло на Вимблдон

А1он

Шок на стартот на Вимблдон – рускиот тенисер Данил Медведев елиминиран уште во првото коло

А1он