Емери: Озил треба да покаже постојаност

Од:

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери упати повик кон плејмејкерот на тимот, Месут Озил да ги остави зад себе повредите и да покаже постојaност за да го врати својот првотимски статус.

Германскиот фудбалер има само четири натпревари за Арсенал по нерешениот резултат 1:1 со Вулверхемптон во ноември, но може да се врати меѓу стартерите во реваншот против БАТЕ Борисов од шеснаесетфиналето на Лига Европа.

Поранешниот тренер на Севиља и ПСЖ го остави Озил надвор од составот на неколку пати поради „тактички причини“ оваа сезона, но е задоволен од однесувањето на играчот за време на тренинзите во текот на неделата.

– Клучот е во неговите раце. Тој тренира напорно оваа недела и го замолив да биде постојан, да биде достапен во тренинг процесот. Кога тренираш со квалитет и постојаност, може да помогнеш на тимот на најдобар можен начин во официјалните средби. Начинот на кој сега тој изгледа е добар за сите останати во тимот, предвид исклучително важниот период од сезоната, во кој влегуваме. Без повреди, без болести. Ако тоа е така, сметам дека може да видиме најдобар Месут на теренот, изјави шпанскиот стратег.

Арсенал загуби со 0:1 на гостувањето кај БАТЕ Борисов во Белорусија по просечната презентација минатата недела и ќе биде во реваншот на „Емирати“ без Александар Лаказет, кој беше избркан со директен црвен картон на крајот на првиот судир. Арон Ремзи ќе се обиде да влезе меѓу стартерите по закрепнување од повредата на коленото, додека Ејнсли Мејтланд-Најлс останува надвор од составот поради болест.

 

 

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Германците бесни поради тетоважата на фудбалерот-што значи симболот на неговите гради

Предраг Петровиќ

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси