Емери го определи април како клучен за Арсенал

Од:

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери рече дека април ќе биде решавачки месец за сезоната на „топџиите“. Тимот од Лондон се бори против Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челзи за место во топ 4, а во исто време се соочуваат со Наполи во четвртфиналето на Лигата на Европа.

– Играме многу натпревари во април, кои ќе бидат клучни за нашата сезона. Ние се справиваме многу добро во Премиер лигата и во Лигата на Европа пред паузата за националните тимови, но мора да бидеме многу концентрирани во секој натпревар и секој играч мора да биде подготвен да го покаже најдоброто од себе. Нашата психолошка поставеност е добра, но секој натпревар е нов предизвик за нас. Ако сме обединети, ќе бидеме посилни, рече Емери.

Тој смета дека тимот има голема шанса да игра во Лигата на Шампионите следната сезона.

Вечерва „топџиите“ го пречекуваат Њукасл во последниот натпревар од 32-то коло на Премиер лигата, а при успех, тимот од Лондон ќе се искачи до третото место на табелата.

Би можело да ве интересира

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Горан Наумовски

Арсенал се сопна дома против Брентфорд