Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас (25) до крајот на сезоната оди на позајмица во италијанскиот прволигаш Торино.
Добриот познавач на фудбалските прилики во Европа – Фабрицио Романо објави дека Торино постигнал договор со Лајпциг за позајмица на Елмас, со можност за комплетно откупување на неговиот договор во јуни.
🚨🐂 EXCL: Torino are closing in on Eljif Elmas deal with RB Leipzig, loan move with buy option until June.
Despite links with Valencia and more clubs, he’s returning to Italy.
⛔️ Cesare Casadei-Torino deal now expected to be off.@sanchis14 @MatteMoretto 🤝🏻 pic.twitter.com/eQEg72U26h
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 28, 2025
Елмас имаше понуда и од тимот на шпанска Валенсија, но сепак тој реши да се врати на Апенинскиот полуостров каде со успех во минатото настапуваше за екипата на Наполи.
Елмас не добиваше шанса во бундеслигашот, па сега се очекува да има поголема минутажа во Серија А.
За македонската репрезентација досега Елмас има 65 настапи и постигна 13 голови.