Холандската компанија „Лајтјеар“ развива електричен автомобил наречен „Лајтјеар Уан“ кој се полни со сончева енергија и може да се движи со месеци без потреба за полнење.
Компанијата тврди дека „Лајтјеар Уан“ нема да биде само прв семеен автомобил на „соларен погон”, туку и дека ќе биде прв таков со погон на сите четири тркала.
Досега компанијата примила пет порачки за својот автомобил, кој чини 119.000 евра, а производството ќе почне по 200 порачки кои се очекуваат до идната година.
Спецификацијата и останатите детали за автомобилот се уште не се објавени.