Експертите донесоа одлука, Аргентина во шок: Марадона несоодветно лекуван

Од:

Лекарскиот одбор назначен да ја испита смртта на Диего Марадона заклучил дека медицинскиот тим на фудбалската ѕвезда постапил „неадекватно, недоволно и несовесно“, се вели во медицинскиот извештај.

Марадона почина минатиот ноември од срцева слабост во близина на Буенос Аирес. Аргентинското обвинителство покрена истрага непосредно по неговата смрт, вклучувајќи и наредба за претрес на имотот на неговиот личен лекар и истрага на другите вклучени во неговата грижа.

Марадона долги години се бореше со зависност од алкохол и дрога, а во ноември имаше операција на мозокот. Лекарскиот одбор назначен од Министерството за правда се состана во март за да ги анализира наводите дека членовите на здравствениот тим на Марадона не се однесувале соодветно кон него.

– Акцијата на медицинскиот тим задолжен за лекување на ДАМ [Диего Армандо Марадона] беше несоодветна, дефицитарна и несовесна – се вели во извештајот на медицинската комисија од 30 април, што извор близок на истрагата го споделил со Ројтерс.

Во извештајот се наведува дека Марадона сериозно се разболел 12 часа пред неговата смрт, односно околу пладне на 25 ноември.

– Тој покажа недвосмислени знаци на продолжен период на болка, па заклучуваме дека пациентот не бил соодветно надгледуван од 00:30, 25.11.2020 година – се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он