Египет е избран како дом на Африканскиот куп на нации ова лето, наместо Камерун, соопшти Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ).
Египет ја доби довербата од делегатите на извршниот комитет на ЦАФ во Дакар пред Јужна Африка, откако на Камерун му беше одземена организацијата на турнирот поради доцнењето на подготовките и недоволната безбедност во земјата.
Египет по четврти пат ќе биде домаќин на најголемиот фудбалски турнир во Африка, за прв пат од 2006 година, кога беше шампион.
Купот на африкански нации ќе се игра од 15 јуни до 13 јули.