Египет и Јужна Африка се кандидати за домаќин на Купот на африканските нации за следната година, откако Камерун беше лишен од оваа можност.
Вчера истече рокот кој Конфедерацијата на Африканскиот фудбал (КАФ) го постави за заинтересираните земји. Новиот домаќин ќе биде одреден на вонредниот состанок на Извршниот комитет на КАФ на 9 јануари.
На Камерун му беше одземена организацијата на турнирот од 15-ти до 13-ти јули поради разни одложувања и загриженост околу безбедноста.
Инаку бројот на учесници се зголеми од 16 на 24 за идната година. Египет бил домаќин на турнирот четири пати и го освоил рекордни седум пати. Јужна Африка има добра инфраструктура од периодот кога беше домаќин на Светското првенство во 2010 година. Земјата два пати беше домаќин на Купот на африканските нации и го освои еднаш.