Со кош на Мет Џенинг постигнат во последната секунда, екипата на Анадолу Ефес синоќа во 5. коло од Евролигата му го нанесе првиот сезонски пораз на Реал Мадрид.
По поразот на „кралскиот клуб“ со максимални учинок по петте рунди остануваат три екипи: ЦСКА Москва, Барселона и Олимпијакос.
Резултати и двојки од 5.коло во Евролигата:
А група: Анадолу Ефес – Реал Мадрид 75:73, Динамо Сасари – Жалгирис 92:80. Вчера Уникс Казан – Нижни Новгород 73:79.
Табела: Реал 4-1 (победи-порази), Ефес 4-1, Жалгирис 3-2, Нижни Новгород 2-3, Уникс 1-4, Динамо Сасари 1-4.
Б група: Цедевита – АЛБА Берлин 67:80, Лимож – ЦСКА Москва 78:86. Вчера Уникаха – Макаби 66:70.
Табела: ЦСКА Москва 5-0, Уникаха 3-2, Макаби 3-2, АЛБА 2-3, Цедевита 1-4, Лимож 1-4.
Ц група: Барселона – Панатинаикос 78:69. Вчера Баерн Минхен – Фенербахче 86:93 и Емпорио Армани – Туров 90:71.
Табела: Барселона 5-0, Панатинаикос 3-2, Фенербахче 3-2, Емпорио Армани 2-3, Баерн 1-4, Туров 1-4.
Д група: Нептунас – Валенсија 94:87, Лаборал – Црвена Звезда 66:86 и Олимпијакос – Галатасарај 93:66.
Табела: Олимпијакос 5-0, Црвена Звезда 3-2, Галатасарај 2-3, Лаборал 2-3, Нептунас 2-3, Валенсија 1-4.