Ефес го победи Фенербахче и се пласираше во финалето на Евролигата

Од:

Фенербахче ќе мора да чека уште една година за нова титула во Евролигата, а Жељко Обрадовиќ за неговиот 10-ти триумф на турнирот.

„Фенерите“ загубија шокантно од својот конкурент од Истанбул – Анадолу Ефес со 73:92 во полуфиналето во Виторија и не успеаја да стигнат до финалето. Сепак, победата на „сините“ беше заслужена, и во недела ќе спорат за трофејот.

Бекот Шејн Ларкин беше големата ѕвезда на победниците со 30 поени, постигнувајќи 9 од 14 од игра, 7 скока, 7 асистенции. Василие Мичиќ беше одличен со 25 поени, а најголемата предност беше во скокот – 41-21!

За Фенербахче, Јан Весели постигна 14 поени, но тимот на Жељко Обрадовиќ постигна само 6 тројки во 21 обид, додека нивниот ривал нанижа 14 и второто полувреме го загубија со 33:47.

Во финалето во недела, Анадолу ќе игра против победникот помеѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска