Само една победа остварија гостинските екипи на петте одиграни натпревари од 22. коло на кошаркарската Евролига.
Реал Мадрид беше тимот кој ја спаси честта на гостите, славејќи победа во Казан против Уникс со 81-77.
На останатите четири средби одиграни синоќа беа постигнати овие резултати: Анадолу Ефес – Милано 90-86, ЦСКА Москва – Црвена Ѕвезда 102-87, Макаби – Басконија 85-84 и Панатинаикос – Бамберг 81-72.
За денеска се предвидени преостанатите три натпревари во кои ќе играат: Дарушафака – Фенербахче, Олимпијакос – Жалгирис и Барселона – Галатасарај.
Табела: Реал Мадрид 17-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 16-6, Олимпијакос 15-6, Фенербахче 14-7, Панатинаикос 13-9, Црвена Звезда 12-10, Басконија 12-9, Анадолу Ефес 11-11, Дарушафака 10-11, Жалгирис 9-12, Барселона 8-13, Бамберг 8-13, Макаби 7-14, Уникс 7-15, Милано Армани 7-15 и Галатасарај 6-15.