Една недела престој во Сочи за „само“ 16.000 евра

Од:

Една компанија специјализирана за патувања на Олимписките игри нуди еднонеделен престој во Сочи во токот на Зимските олимписки игри за „само“ 16.000 евра.

Секако, овој аранжман е наменет исклучиво за елитната клиентела, пренесува рускиот весник „Ведомости“.

Пакетот опфаќа престој на една двојка во Сочи во хотел со четири ѕвездички, со дневни карти за натпреварувањата во уметничко лизгање и за церемонијата на затворање на Игрите.

Веќе сега сместувањето во Сочи за периодот на оддржување на Игрите – од 7 до 23 февруари 2014 година, е речиси распродадено, а навивачите се интересираат и за хотели што се оддалечени и до 50 километри од ова црноморско летувалиште.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он