Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп освои сребрен медал на Балканското првенство

Од:

Екипата на џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп освои сребрен медал на годинашново Балканско првенство за сениори и сениорки, што на почеток на месецов се одржа во Кавадарци.

Според тренерот на џудо клубот Дејан Мицкоски, оваа голема награда прилепските џудисти ја освојуваат првпат.

– Натпреварите се одвиваа во два дела: поединечно натпреварување каде Александра Најдоска во категоријата од 78 килограми го освои второто место и Христијан Ѓураков во категорија до 81 килограм го освои трерото место. Нашиот клуб „Сеишин“ на земјава и го донесе второто место со целата репрезентација во екипно натпреварување и тоа: Марио Тошески во категоријата од 73 килограми, Христијан Ѓураков во категоријата до 81 килограм, Кристијан Тошески во категоријата до 90 килограми, Бобан Глигуроски во категоријата од 90 килограми и Александра Најдоска во категоријата од 78 килограми, сите го освија второто место, рече Мицкоски, додавајќи дека наградата претставува голем стимул за натпреварувачите и за клубот.

На ова Балканско првенство освен од Македонија се натпреваруваа џудисти и од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија, Албанија и од Косово. Домаќини на годинашниот настан беа Џудо федерацијата на Македонија со техничка поддршка од џудо клубот „Кожувчанка“ од Кавадарци.

По постигнатите успеси на првенството, џудо-клубот „Сеишин“ продолжува со редовни тренинзи. Мицкоски изјави дека клубот го зголемува бројот на термините за тренинзи за поуспешно учество на меѓународните турнири. Овој успешен џудо клуб во Прилеп има околу 70 членови на возраст од четири до седумдесет години.

Би можело да ве интересира

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

Орце Костов

ВИДЕО: Српска џудистка едвај стои на нозе по десетминутна борба, навивачите се загрижија

Жарко Настоски

Уште еден џудист не сака да се бори против Израелецот Бутбул

Жарко Настоски

Џудист од Алжир се повлече од Олимпијадата, можело да се сретне со израелски противник

Жарко Настоски

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Ана Ололовска

Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Ана Ололовска