„Џип“ го промовираше моделот „Компас“ за 2018 година, кој во продажните салони во поголемите европски земји ќе стигне во текот на ова лето, а до почетокот на идната година ќе биде достапен и на останатите пазари ширум Европа.
Основниот модел има погон со турбо бензинец, 1.4 литарски мотор со Стоп/Старт систем. Агрегатот развива 140 коњски сили при 5.000 вртежи во минута и 230 њутн метри вртлив момент на 1.750 вртежи во минута. Моторот е поврзан со шестстепен мануелен менувач, а моќноста се праќа на предните тркала.
Покрај овој, на располагање исто така е 1.4 литарски мотор со 170 коњски сили и 250 њутн метри, споен со деветстепен автоматски менувач и со 4х4 конфигурација.
Тие кои ќе се одлучат за дизел верзика, можат да сметаа на базичниот 1.6 литарски агрегат со 120 коњски сили при 3.750 вртежи и 320 њутн метри вртлив момент на 1.750 вртежи во минута. Моторот е поврзан со шестстепен мануелен менувач, а моќноста се пренесува на предните тркала.
Освен тоа, достапен е и 2.0 литарски мотор, исто така со Стоп/Старт систем, кој развива 140 коњски сили при 4.000 вртежи, кога е поврзан со деветстепен автоматски менувач и 140 коњски сили при 3.750 вртежи со шестстепен мануелен систем на пренос. Двата мотора достигнуваат најголем вртлив момент од 350 њутн метри при 1.750 вртежи во минута и имаат погон 4х4.
Тука е и посилната верзија со 2.0 литарски мотор со 170 коњски сили, во комбинација со деветстепен автоматски систем за пренос и конфигурација 4х4.
Купувачите на европскиот пазар ќе бидат скратени за најмоќниот 2,4 литарски бензински морот со МилтиЕр2 технологија, кој развива 184 коњски сили при 6.400 вртежи и 237 њутн метри максимален вртлив момент. Оваа варијанта на „Компас“ е достапна во Русија, Африка и Блискиот Исток.