Џинобили најави настап на Светското првенство во кошарка

Од:

Десетина дена по освојувањето на шампионската титула во НБА лигата играчот на Сан Антонио Спарс, Ману Џинобили изјави дека ќе настапува на Светското првенство во кошарка, кое почнува на 30.август, а се игра во Шпанија.

Искусниот бек на аргентинската репрезентација се надева дека и покрај напорната сезона во НБА лигата ќе има сили да и помогне на својата репрезентација да се вброи во трката за висок пласман.

Џинобили со Аргентина освои златен медал на Олимписките игри во Атина (2004 година), бронза на Игрите во Пекинг (2008) и сребро на Светското првенство во Индијанполис (2002).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос