Џикиќ доби отказ во Естудијантес

Од:

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ не е повеќе тренер на Естудијантес, соопшти шпанскиот клуб од Мадрид.

„Благодарност до српскиот тренер за соработката и професионализмот со кој ги извршуваше работните обврски. Му посакуваме многу среќа на приватен и на професионален план“ се наведува во клупското соопштение.

Неговото место на клупата за престоjниот дуел со Уникаха ќе го заземе Хавиер Замора.

Понудата на Естудијантес, Џикиќ ја прифати во минатата сезона по ангажманот во Будуќност.

Во кариерата како тренер ги предводеше и Партизан, Олимпија Љубљана, Беовук, Крка и Литвос Ритас.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он