Џикиќ: Белгија е фаворит во групата

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ за главен фаворит во нашата група ја смета Белгија. Ова негова оценка се базира пред се на неколкуте откажувања во македонскиот состав.

– Ако ние бевм комплетни тогаш ќе бевме фаворити. Во ваква ситуација тоа е Белгија. Белорусија може да изненади, додека Данска важи за аутсајдер. Имаме проблем поради познатите причини но верувам дека во текот на подготовките ќе се обидеме се да надополниме, изјави Џикиќ.

Македонскиот селектор за денеска закажа старт на подготовките за квалификациите за Европското првенство 2015. Сепак, репрезентативците не тренираа и останаа на ставот дека тоа нема да се случи се додека не се излезе во пресрет на Здружението на кошаркарите кое бара намалување на бројот на странци во клубовите од домашното првенство.

Џикиќ искажа разбирање за барањето на репрезентативците и додаде дека може да радува фактот што тие се сплотени и, како што рече, покажуваат карактер.

Македонија во авгист ќе игра квалификации за ЕП во група со Белгија, Белорусија и Данска.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос