Со тројката на Мет Џенинг во последната секунда синоќа екипата на Анадолу Ефес постигна победа од 75:72 на третиот натпревар од четвртфиналето од Евролигата.
Со оваа победа Анадолу Ефес намали на 2-1 во победи за Реал Мадрид и се избори за уште еден натпревар во четвртфиналната серија што во четврток ќе се игра во Истанбул.
Џенинг со 21 поен беше најефикасен (пет тројки).
Предност од 2-1 во победи обезбеди и Олимпијакос откако во натпреварот број 3 ја совлада Барселона на домашен терен со 73:71.
Јоргос Принтезис со 19 поени (пет тројки) беше најпрецизен. Олимпијакос е домаќин на четвртиот натпревар што се игра во четврток.
Вечерва се игра дуелот меѓу Панатинаикос и ЦСКА Москва (2-1 во победи за ЦСКА).