„Џенерал Моторс“ повлекува уште 474.000 возила поради дефект

Од:

Американскиот автомобилски гигант „Џенерал Моторс“ (ГМ) денеска соопшти дека од пазарите ширум целиот свет ќе повлече околу 474.000 возила, поради утврдени дефекти.

Ова е 48 повлекување на возлила на „Џенерал Моторс“ од почетокот на годината, со кои досега беа опфарени над 20 милиони автомобили и камиони.

Досега неславниот рекорд на повлечени возила на ГМ го држеше 2004 година, кога на проверка беа „повикани“ 10,75 милиони модели.

Меѓу моделите кои се опфатени со новото повлекување се „Шевролет Силверадо“, „Џи-Ем-Си Јукон“, „Шевролет Тахо“, „Џи-Ем-Си Сиера“ и „Шевролет Сабрбан“.

Компанијата соопшти дека е утврдено оти може да дојде до блокирање на софтверот што предизвикува исфрлање од брзина на возилото.

Најголемиот дел од возилата кои ќе бидат повлечени се понудени на пазарите во САД и Канада.

Поради фабрички дефекти на моделите на ГМ последниве 10 години се предивикани голем број несреќи во кои според официјалните податоци на компанијата, загинале 13 лица. Меѓутоа, спорд адвокатите, реалната бројка на загинати е околу 100 лица.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска