Леброн Џејмс дебитираше со пораз на првиот официјален натпревар за Лос Анџелес Лејкерс, откако на гостувањето во Орегон тимот беше совладани од Портланд Трејлблејзерс со 128:119.
Според Џејмс, загубениот прв натпревар не значи дека неговиот тим ќе има лоша сезона.
– Почетниот пораз може да биде и добар тест за понатаму. Сезоната само што почна и потребно е трпение од страна на целиот тим. Потребно е да увидиме во што сме добри, а во што не. Но, ми се допаѓа тимскиот дух што го покажавме на натпреварот, истакна Џејмс.
Тој смета дека неопходно за успехот е разигрувањето и меѓусебното запознавање на соиграчите.
– Важно е да бидеме се подобри и секој дури со затворени очи да знае каде се наоѓаат останатите соиграчи. Тоа е долг процес, но ќе работиме напорно, наведе Џејмс.
Тој на натпреварот против Портланд за 38 минути игра постигна 26 поени, 12 скокови и шест асистенции.