Џејмс незадоволен по успехот на Лејкерс

Од:

Лидерот на Лејкерс, Леброн Џејмс продолжува да не покажува емоции по уште една победа за „езерџиите“.

Лејкерс поведоа со 2-0 против Мајами Хит (124:114) во финалето на НБА, но „Кралот“ е свесен дека работата сè уште не е завршена.

Трикратниот шампион не изгледаше задоволен од играта во одбрана на својот тим, но вети дека ќе го сменат тоа на третиот натпревар.

– Јас, тренерот и Еј Ди (Ентони Дејвис) не бевме задоволни од нашиот перформанс во одбраната вечерва. Знаеме дека можеме многу подобро во оваа фаза од играта. Дејвис и јас не сме задоволни само од победата. Ние сакаме да бидеме совршени во сите 48 минути на паркетот. Знам дека го кажав тоа по првиот натпревар, но со нетрпение очекувам да го гледам мечот повторно со моите соиграчи за да видиме како можеме да се претставиме подобро. Играме против многу опасен противник кој секогаш има пет играчи на паркетот кои се опасност за нас … Дефинитивно не бевме задоволни од нашата одбрана вечерва и знам дека ќе бидеме на многу повисоко ниво во дуелот бр.3, рече Џејмс на прес-конференцијата по натпреварот.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он