Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон само еден ден по завршувањето на играчката кариера е назначен за тим менаџер на италијанската фудбалска репрезентација, објавено е на веб-страницата на Здружението.
Буфон на таа позиција го наследи легендарниот Џанлука Вијали, кој почина во јануари по долго и тешко боледување.
Тој ќе дебитира во стручниот штаб на селекторот Роберто Манчини во септември кога „аѕурите“ ќе гостуваат во Северна Македонија и ќе ја пречекаат Украина.