Поранешниот тренер на Милан, Марко Џампаоло, може да го предводи Торино, пренесува „Тутоспорт“.
Според италијанскиот медиум, 52-годишниот фудбалски стручњак е фаворит за функцијата селектор на „торинците“. Џампаоло се согласи да ја прифати понудата, иако заради правилата на Серија А не може да биде потпишан во повеќе од еден клуб во една сезона.
Џампаоло беше отпуштен од Милан на 8 октомври по седум натпревари на Серија А.