Две победи за Ѓорческа, порази за Јанкуловски и за Јотовски

Од:

Две победи постигна македонската тенисерка Лина Ѓорческа (1.носителка) на стартот на фјучрсот што го игра во Анталија на земјена подлога за награден фонд од 10.000 долари.

Таа најпрвин во поединечна конкуренција ја победи 14-годишната Турчинка Арадениз Чомлек со 6:2 и 6:0 во сетови, а потоа во двојки со Хрватката Ива Приморац беа поуспешни од турските тенисерки Севен Орал и Селин Озгур со 6:0 во двата сета.

На истите терени на фјучрсот кај мажите Бојан Јанкуловски не успеа да ја мине првата пречка и загуби од Доминик Веидингер од Австрија со 6:3 и 6:4 во сетови.

Пораз на фјучрс во Тунис во Ел Кантауи (тврда подлога) запиша и Томислав Јотовски. Тој во 1.коло загуби од четвртиот носител Жоао Домингеш од Португалија со 6:3 и 6:2 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров