Ракометните репрезентации на Македонија во младинска и кадетска конкуренција, од утре до 4 април ќе учествуваат на меѓународни турнири во градот Балатонфуред во Унгарија.
Овие турнири се во склоп на подготовките на двете репрезентации за ЕХФ шампионатите што ги очекуваат летово во Скопје, односно Тбилиси.
Под водство на селекторот Данило Брестовац, за Унгарија заминаа вкупно 32 ракометари, по 16 во двете репрезентации.
Селекцијата до 20 години ќе игра со Телеком Веспрем, Ајка и двапати против Бугарија.
Репрезентацијата до 18 години (кадетската) ќе се соочи со Залаегерсег и Бугарија по двапати и со Телеком Веспрем еднаш.