Две мајсторки во кошаркарската Евролига

Од:

Екипите на Реал Мадрид и на ЦСКА Москва ќе бидат домаќини на вечерашните мајсторки од четвртфиналето на кошаркарската Евролига. По одиграните четири натпревари на двата четвртфинални дуела резултатот е 2-2 во победи.

Во Москва кај ЦСКА ќе гостува Панатинаикос, а два од претходните четири натпревари на овие два тима завршија по продолжение и двете екипи остварија по една победа во дополнителните пет минути. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

Европскиот шампион Олимпијакос гостува кај Реал Мадрид. Почетокот на овој дуел е во 20:45 часот. Пласман на „фајнл фор“ турнирот имаат обезбедено Барселона по победата во четвртфиналето над Галатасарај и Макаби по елиминацијата на Емпорио Армани. Во полуфиналето на завшниот турнир Барселона ќе игра со победникот од дуелот Реал Мадрид – Олимпијакос, а Макаби со поуспешниот од дуелот ЦСКА Москва – Панатинаикос.
Завршниот турнир во Милано се игра на 16 и 18.мај.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска