Два натпревари во Првата кошаркарска лига

Од:

Новата кошаркарска сезона во Првата македонска лига започна во петокот, а денеска ќе се одиграат нови два натпревари.

Во дуелот на дебитантите во прволигашкото друштво екипата на Водњански лисици ќе го пречека составот на Гоце Делчев од Штип во средбата која ќе се игра во „Градски Парк“ со почеток од 17 часот.

Во салата „Парк“ во Струмица, истоимената домашна екипа го пречекува составот на Куманово. Натпреварот ќе започне од 18 часот.

Потсетување дека во петокот во премиерниот натпревар од новата сезона, во Гевгелија, екипата на Карпош Соколи славеше победа во дуелот против домашниот Кожув со 81:74.

Дуелот МЗТ Скопје – Фени Индустри ќе се игра во среда 15 октомври поради настапот на македонскиот шампион во АБА лигата, кој вечерва во Подгорица од 21 часот и гостува на екипата на Будуќност.

Слободен во првото коло е тимот на Работнички.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос