Два натпревара од Првата кошаркарска лига

Од:

Во македонското кошаркарско првенство на програмата е последното коло од првиот дел. Вечер се играат два натпревара. Работнички во салата „Градски парк“ во Скопје го пречекува Кожув, додека Бест во Гевгелија е домаќин на Куманово.

Дваесет и осмото коло беше отворено синоќа со дуелот меѓу Фени Индустри и Струмица што им припадна на кавадарчани со резултат 82:67.

Дербито на колото се игра утре меѓу двете првопласирани екипи на табелата МЗТ Скопје Аеродорм и Карпош Соколи.

Разигрувањето за титулата ќе почне на 26 април.

Табела: МЗТ Скопје Аеродорм со 51 бод, Карпош Соколи 47, Куманово 46, Фени Индустри 46, Кожув 39, Работнички 38, Струмица 33, Бест 27.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос