Два натпревара од осмото коло во кошаркарскиот шампионат

Од:

Лидерот Карпош Соколи му гостува на Бест, а Куманово го пречекува Фени Индустри во двата натпревари вечерва од 19 часот со кои ќе стартува осмото коло од Првата кошаркарска лига.

Поради обврските на Кожув во БИБЛ лигата на 16 декември, гевгеличани  дуелот од 10 коло против МЗТ Скопје ќе го одиграат на 3 декември, а натпреварот меѓу Струмица и МЗТ Скопје Аеродром од 8 коло ќе се одигра на 15 или 16 декември.

Во меѓувреме, Работнички на 30 декември на домашен терен ќе игра со Кожув.

Табела:

1.Карпош Соколи 13 бодови,
2.МЗТ Скопје Аеродром 13,
3.Фени Индустри 11,
4.Кожув 11,
5.Куманово 10,
6.Работнички 10,
7.Струмица 9,
8.Бест 7.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос