Дуда Ивковиќ нов тренер на Ефес

Од:

Српскиот стратег Душан Ивковиќ е именуван за нов тренер на турскиот кошаркарски колектив Анадолу Ефес. Како што пренесуваат медиумите од соседна Србија, доскорешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Душан Ивковиќ веќе ги договорил сите детали околу неговиот ангажман во составот од Истанбул.

Искусниот и трофеен тренер официјално ќе го преземе клубот од Босфорот на 3 јуни, за кога е закажана свечена промоција.

Ивковиќ кој во својата кариера има повеќе од триесетина трофеи меѓу нив и два во Евролигата со Олимпијакос, ќе треба во наредниот период од две години, на колку е договорот, да создаде тим кој конечно Анадолу Ефес ќе го промовира во екипа кандидат за највисок пласман во елитната Евролига.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос