Кошаркарот на Будуќност од Подгорица, Тадија Драгичевиќ е избран за најкорисен играч во јануари во АБА лигата.
Крилниот центар минатиот месец одигра четири натпревари во регионалната конкуренција, пропуштајќи го само дуелот со Металац поради повреда.
Драгичевиќ имаше просек по натпревар од 20,7 поени, 6,2 скока и две асистенции, што му го донесоа индекс рејтинг од 25,5.
Тој во моментов е во индекс рејтинг на петтиот играч во лигата, но водечки стрелец со просек од 16,1 поен по натпревар.
Драгичевиќ со својот клуб Будуќност во понеделник на 8 февруари гостуваат во СЦ „Борис Трајковски“ кај македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.