Макс Ферстапен е победник на Формула 1 трката за големата награда на Јапонија, но не успеа уште денеска, на четири трки пред крајот, да ја освои шампионската титула бидејќи поради лошото време и прекините на Сузука немаше доволно извозени кругови и доволно осовени бодови.
Ферстапен наместо 25 освои 19 бода поради тоа што беа извозени 50 проценти од предвидената трка. Тој сега има 109 бода, а му беа потребни 112 повеќе, во однос на Лекелер за да ја осигура шампионската титула.
Шарл Леклер трката ја заврши на на втората позиција, но доби пет секунди казна, па ќе биде пласиран на третото место. Вториот пилот на Ред Бул, Серхио Перез, го комплетираше подиумот со освојување на второто место.